tag:blogger.com,1999:blog-7807785672971466800.post5236925357412402354..comments2023-10-30T12:09:29.646+01:00Comments on skopje2803: A pertinent workshop in Skopje: CfA for “Reading the City: Urban Space and Memory”Unknownnoreply@blogger.comBlogger3125tag:blogger.com,1999:blog-7807785672971466800.post-8299160489827558182009-04-27T00:14:00.000+02:002009-04-27T00:14:00.000+02:00When there will be results/list of participants?When there will be results/list of participants?studentnoreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-7807785672971466800.post-79335408400129358742009-04-16T09:59:00.000+02:002009-04-16T09:59:00.000+02:00This should be an excellent workshop. Too bad I'm ...This should be an excellent workshop. Too bad I'm at work and can't attend. I will come and visit you in the afternoons :)Mitkohttps://www.blogger.com/profile/13797632177142347555noreply@blogger.comtag:blogger.com,1999:blog-7807785672971466800.post-39211085653268512542009-04-15T14:55:00.000+02:002009-04-15T14:55:00.000+02:00Читање на градот: Урбан простор и меморија
Меѓунар...Читање на градот: Урбан простор и меморија
Меѓународна работилница во Културниот центар Точка во Скопје,
10.-16. мај 2009.

Хипотезата на работилницата “Читање на градот: Урбан простор и меморија” во Скопје е дека секој историски, политички, и социјален развој и тренд се отсликува во градската изградена средина. Според тоа градовите се состојат од мноштво на слоеви и наративи и затоа претставуваат одраз на индивидуална и колективна меморија.

Поради блиската врска меѓу меморијата и идентитетот, самиот град и неговите урбани простори играат значанја улога во формирањето на колективни идентитети. Градот, неговите урбани простори и архитектонски форми, се предмет на политиката на идентитетот и меморијата, неговите “места на меморија” и градскиот пејсаж се претвараат во “симболички капитал” Пјер Бурдие (Pierre Bourdieu), кој се користи за спроведување на политички агенди.

Австрискиот историчар на уметност и пионерот на модерната заштита на наследство, Алоис Ригл (Alois Riegl), предлага да разликуваме меѓу два различни типа на споменици: оние наменските подигнати од локалните власти, и оние кои стануваат споменик - “lieu de mémoire” (Пјер Нора - Pierre Nora) - со текот на времето. Додека проектираните “места на меморија” како музеите или статуите се креирани со интенција да потсеќаат на извесни историски настани или личности, постојат исто локации, собиралишта, или градби кои стануваат “места на меморија” преку асоцијација со одреден настан доживеан индивидуално или колективно.

Целта на работилницата е да се истражат споменици и “места на меморија” во Скопје, вклучувајќи ги сеуште нематеријализираните (како планираната статуа на Александар Велики на централниот плоштад итн.). Кој ги користи тие “места на меморија”, како и зашто? Каква улога играат во градското ткиво?
Со унапреденото проучување на прашања и идентифицирање на проблемите во студијата “места на меморија”, во работилницата ќе се дискутира околу тоа како историјата е рефлектирана во урбаниот простор на Скопје денес, како тој е перцепиран и конструиран, и кои историски периоди влијаат врз дискурсот за актуелното планирање на градот; како градот постапува со неговите материјални “места на меморија”, историското архитектонско наследство, и на кој тип на историја се потсетува во тековните урбани и архитектонски трансформации.
Со обѕир на мулти-етничкото минато и сегашноста на градот Скопје, мора да се постави и прашањето за функцијата на меморија на општествените градби. Каков тип на заедничка историја создава едно разнолико урбано општество за идентификација со своето седиште? Како ова може да се стави во релација со амбивалентноста на меморијата, не само во однос на разликите меѓу колективната и индивидуалната меморија, туку исто така и паралелното егзистирање на различни конструкции на меморија во разни делови на општеството? За време на работилницата исто ќе се дискутира околу тоа, како “местата на меморија” на Скопје се прикажуваат во масовните медиуми. Покрај материјално постоечките “места на меморија”, исто така би можеле да се анализираат и не-материјалните “места на меморија” како градските наративи за земјотресот од 1963.

Учесници ќе бидат студенти од Катедрата за урбано и регионално планирање при Техничкиот универзитет во Берлин, но и студенти, архитекти, урбанисти и други заинтересирани лица од Македонија со љубопитност да работат во меѓународна група на спомнатата тема. Работилницата ке почне со теоретски вовед за меморија и градско планирање, и за врската меѓу историјата, идентитетот и урбаниот простор. Ќе бидат одржани предавања од страна на неколкумина меѓународни експерти (историчари, урбанисти, архитекти).
Во вториот дел учесниците ќе работат во помали групи на прашања кои се однесуваат на меморијата и просторот преку анализирање на разни “места на меморија“ во Скопје. Учесниците придонесуваат низ нивните интердисциплинарни гледишта како и низ нивните разни национални позадини и ќе го “читаат градот” врз база на нивните специфични теоретски и уметнички пристапи. Како производ од работилницата резултатите ќе бидат визуализирани на различни начини. Работилницата ќе се затвори со јавна презентација на резултатите и ќе биде документирана во изложба во Скопје и Берлин, како и во печатена публикација.

Работниот јазик на работилницата ќе биде англискиот.

За работилницата покануваме 15 учесници од областа на уметноста, архитектурата, урбаното планирање, географија и литература/новинарство, кои ќе ја истражуваат меморијата на градот на разни начини.

За пријавување молиме пратете ваша биографија и една страна писмо за мотивација (или краток опис на вашиот потенцијален придонес) на англиски или германски јазик до julia.lechler@kulturmanager.net

Краен рок: 26. април 2009

За понатамошни информации Ве молиме контактирајте на
julia.lechler@kulturmanager.net
Тел.: 00389-2-31 79 825

Проектот е поддржан од Geschichtswerkstatt Europa (Историска работилница Европа), Гете-институтот и Техничкиот универзитет во Берлин (TU Berlin).Adminshttps://www.blogger.com/profile/12034250831379145998noreply@blogger.com